Едно лицe загинало при пад на цепелин вчеравечер во Германија, јавува “Дневник“, пренесува Нетпрес.
Несреќата во која загинал пилотот, се случила на аеродромот Раихелшаим, близу Фридберг во Германија. Тројцата патници скокнале од кабината на барање на пилотот пред цепелинот да го допре копното во обидот да слета на аеродромот.
Пилотот се обидел да го исправи леталото, но при допирот на копното при слетувањето, леталото се запалило од засега
неутврдени причини.
http://www.youtube.com/watch?v=mlYTtjuLWVo&feature=player_embedded
Патниците биле новинари, а цепелинот имал промотивен лет по повод денот на покраината Хесен.
Извор: Нетпрес