Триесетдневен притвор за Љубе Бошкоски

7 јуни, 20110
ljube[5]

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски ноќта ја мина на распит кај истражен судија. Уапсен е под обвинение за наводно незаконско финансирање на предизборната кампања. Неговите приврзаници протестираа пред судот, а истражниот судија доцна синоќа му одреди 30 дневен притвор.
Бошкоски со силно полициско обезбедување беше пренесен во судот во истражниот затвор во Шутка.
Неговиот адвокат Љубомир Михајловски-Џанго изјави дека поднесено е барање за две кривични дела, едното за нелегално финансирање на изборната кампања, а другото за злоупотреба на службената положба.
Михајловски ќе поднесе жалба за притворот а ќе почекаат точките од одредувањето на мерката притвор да отпаѓаат за да побараат замена за домашен притвор или Бошкоски да може да се брани од слобода.

Специјалната единица Алфи вчера попладне на паркингот пред скопскиот ресторан “Воденица“ го уапси лидерот на партијата Обединети за Македонија Љубе Бошкоски.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *