ВИДЕО: Уште еден пирамидален НЛО над Кина

11 ноември, 20111
0074007.48

Во видеото кое на својата страна го објави контроверзниот специјалист за НЛО, Мајкл Коен, се гледаат два пирамидални објекти како лебдат на кинески град во провинцијата Фујиан.

Во описот на видеото Коен ги спомнува сличните НЛО случаи кои се појавиле на различни делови од светот, односно во Шпанија, Колумбија, Кина и Русија.

Тврди дека за овие НЛО е спроведена и неслужбена истрага, а резултатите наводно укажуваат дека објектите се вселенски бродови од вонземјанска цивилизација која се наоѓа во близина на ѕвездата Сириус, најсветлата ѕвезда на ноќното небо.

Според истото истражување, заклучено е дека станува збор за цивилизација која редовно одржува контакт со луѓето, веќе илјадници години, а доказ за тоа се пирамидите градени во одредени делови од светот, наводно според бродовите на вонземјаните кои ги откриле нашите предци кои веројатно тогаш ги сметале за боженствени битија.

Бидејќи постојат теории како всушност таа цивилизација не создала, можеби проценката дека вонземјаните од оваа цивилизација се боженствени битија и не е далеку од вистината. Можеби.

Снимката на која наводно е забележана најновата посета на древна цивилизација можете да ја погледнете овде:

One comment

  • mirko

    11 ноември, 2011 at 15:11

    …ako ova ne me ubedi…nisto :-)))

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi