Видиќ најдобар играч во Премиер лигата, Фергусон најдобар менаџер
21 мај, 20110

Манчестер Јунајтед по освојувањето на титулата во Премиер лигата има причини за ново славје, бидејќи за “Баркли” менаџер на годината е прогласен Алекс Фергусон, а за најдобар играч капитенот на “црвените ѓаволи” Немања Видиќ.
Клубот од “Олд Трафорд” дојде до својата 19. титула, односно 12 под раководство на Фергусон, додека екипата ја очекува уште и финалето во Лигата на Шампионите, на 29. мај на “Вембли”.
Капитенот на Јунајтед, Немања Видиќ одигра одлична сезона и најчесто беше првотимец од сите играчи во екипата, поради што и ја заслужи оваа награда по втор пат во неговата кариера.