
Две тинејџерки од Шведска кои се заглавиле во количка од супермаркет морале да повикаат брза помош за да им помогнат да се извлечат.
Девојките ја нашле количката на еден напуштен терен во градот Ед и одлучиле заедно да се качат во неа и да се повозат.
Портпаролот на брзата помош изјавил дека девојките скоро цел саат седеле збиени една до друга во количката без да се можат да се мрднат.
„Претпоставувам дека беа многу засрамени. Беше смешна ситуација“, изјавил тој и додал дека лесно ги извлекле девојките.