Виновник за “Фукушима“- цунами или човечки фактор?

12 јуни, 20110
0316-Fukushima-NUCLEAR-CRISIS_full_600
Пред три месеци, крајбрежјето на Јапонија го погоди разорен земјотрес, а потоа следеше и цунами, кое предизвика фатални последици за нуклеарната електрана во Фукушима, пишува “Дојче Веле“, пренесува НетПрес.
За размерите на нуклеарната катастрофа се’уште малку се знае, па така и за последиците од зрачењето. Јапонските власти би требало до меѓународната агенција за атомска енергија да достават извештај во кој би требало да биде наведено како пет часа по цунамито дошло до фузија во “Фукушима“, а ниеден од системите за ладење не бил во функционална состојба.
Постоеле правила за тоа како треба да се постапува во екстремни ситуации, како што е прекин на струја, меѓутоа, Харуки Мадараме главниот супервизор на сите јапонски нуклеарки, објаснува дека не се сите ситуации предвидливи.
“На таа можност, сите екстерни извори на струја да исчезнат, не сум давал големо значење“, вели Мадараме, додавајќи дека “Јапонските експерти за атомска енергија живееле во свој свет. Тие верувале дека природната катастрофа, односно цунамито е одговорно за хаваријата. Јас сепак мислам дека станува збор за човечки фактор“.
Моментално во Јапонија во тек е проверка на безбедносните механизми на останатите 54 реактори. Се поставува и прашањето, доколку човечки фактор бил пресуден за несреќата, дали е можна потполна сигурност.
Вработените во “Фукушима“ расправаат околу тоа што ќе се прави со радиоактивната вода. Операторот на електраната “ТЕПКО“ има цел да вгради филтри кои ќе ја прочистуваат водата за да може повторно да се употреби за ладење на реакторите. Заради зголемена радиокативности, најверојатно ќе поминат неколку месеци додека да се стабилизира системот за ладење.
Меѓународната агенција за атомска енергија ја повикала јапонската влада да обезбеди потполна независна контрола на органите. Јотару Хатарума кој е шеф на експертите кои ја истражуваат позадината на катастрофата вели дека доколку во истрагата не се појде од организациски и структурни недостатоци,“ќе биде тешко да дојде до суштината на проблемите“.
Хатарума се труди да ја разоткрие грешката на властите, фирмата “ТЕПКО“ и надзорните органи,. Извештајот би требало да се поднесе на крајот на годината.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber