Во Америка, HTC подобар од Samsung и Apple

2 ноември, 20110
htc-touch-pro2-cell-phone-3

Во третиот квартал на оваа година, според податоците на Canalys Analytics, HTC, во Америка, продал повеќе смарт телефони од своите најголеми конкуренти – Samsung и Apple.

HTC испорачал 5,7 милиони уреди, Samsung 5,2, а Apple 4,9 милиони.

Иако некој би можел да помисли дека Apple е во загуба, аналитичарите од компанијата Canalys известуваат дека послабата побарувачка непосредно пред излегувањето на новиот модел е вообичаена појава за Apple, и дека во четвртиот квартал сигурно ќе забележат подобар резултат.

Вистинскиот „губитник” всушност е RIM, кој во третиот квартал минатата година имал удел од 24 проценти, а сега има само 9 проценти.

RIM мора да испорача нешто ново на пазарот, смета аналитичарот Тим Шепард, за да ја поврати својата положба во Америка. Во другите региони, на пример ЕМЕА, RIM во однос на претходната година забележа голем раст, дури 59 проценти.

HTC и Samsung, кој неодамна на глобално ниво стана најголемиот производител на смарт телефони, заедно држат 45% од пазарот на смарт телефони во Америка (првиот 24, вториот 21 процент), и тоа, во основа, поради своите модели кои користат Android, а Apple во третиот квартал имал удел од 20 проценти.

Инаку, HTC неодамна го објави својот финансиски извештај, кој покажува раст на приходот од 68% во однос на претходната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *