
Најмалку 44 лица ги загубиле животите во несреќа на рускиот авион “Тупољев- 134“ кој се срушил рано утрово при слетување на аеродромот во Петрозаводска, на северозападот на Русија, пишува хрватски “Дневник“, пренесува НетПрес.
Авионот “ТУ -134“ на компанијата РусАир со 52 патници и членови на екипажот се срушил при обид да слета по густата магла на аеродромот Бесовец, покрај Петрозаводска во руската покраина Карелија.
До несреќата дошло еден километар пред аеродромската писта. Авионот удрил во земјата, се прекршил на два дела и се запалил.
Осум лица преживеале во несреќата при што биле пренесени во болница. Авионот летал на линијата од Москва и поголемиот број патници биле Руси.
Двете црни кутии биле пронајдени на местото на несреќата.
“Тупољев-134“ е авион од советско производство, чиј прв лета бил во 1967 година. не било познато колку е стар авионот кој се сруши кај Петрозаводска.
Извор: Нетпрес