Во Бразил родено бебе со две глави! :(

22 декември, 20110
bs

Жената која живее во рурална област на северот во Бразил за време на  бременоста не направила  ултразвук. Таа родила син со две глави, а за докторите е изненадувачка добрата здравствена состојба на бебето.

Бразилката чие име не е соопштено го родила бебето со две глави во понеделникот наутро со помош на царски рез.

Лекарите соопштиле дека момчето е во одлична здравствена состојба, дека има едно срце и дека сите витални органи му функционираат добро.

Бебето има две целосно формирани глави, а цица наизменично, прво со едната уста, а потоа со другата.

Мајката за деформацијата на бебето дознала само неколку минути пред породувањето, бидејќи таа живее во оддалечена рурална област во Бразил никогаш не била на контрола за време на бременоста и не направила ултразвук.

Инаку, ова е втор случај годинава да се роди двоглаво бебе во оваа земја.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi