Во најдобрите места за живот има најмногу самоубиства

3 мај, 20110
Utah_border_sign

Истражувачите кои се занимаваат со прашањето како луѓето се чуствуваат среќни во зависност од тоа во кое место живеат и во која држава, одлучиле да ги споредат нивните заклучоци со стапките на самоубиства и дошле до изненадувачко откритие; Најсреќните места за живот често имаат и најголема стапка на самоубиства.

“Луѓето кои се незадоволни на некое среќно место може да сметаат или да се чуствуваат дека животот ги казнува“, изјавил Ендру Освалд од Универзитеот Ворвик во Велика Британија.

Според студијата, во американската држава Јута, жителите се најсреќни,  но затоа оваа држава бележи висока стапка на самоубиства, додека на пример Њѕ Јорк кој се наоѓа дури на 45-то место по тоа дали луѓето се среќни, има многу помалку самоубиства. Психолог од Универзитетот во Калифорнија смета дека доколку живеете во близина на луѓе кои се среќни и задоволни од животот, а вие не сте, тоа дополнително може да го зголеми незадовослтвото и несреќата кои ја чуствуваат некои луѓе.

Земјите кои ги завзимаат првите 10 места на листата каде луѓето се чуствуваат добро, среќно и задоволно, Јута, Колорадо, Минесота, Вајоминг, Хаваи, Аризона, Флорида, Невада, исто така четри од нив се и на листата 10 држави кои имаат најголеми стапки на самоубиства, а тоа се Невада, Вајоминг, Јута и Колорадо.

Десетте држави со најниски стапки на благосостојбата се Кентаки, Западна Вирџинија, Пенсилванија, Индијана, Мисури, Охајо, Њујорк, Масачусетс, Мичиген и Роуд Ајленд. Само една од нив – Западна Вирџинија е меѓу 10 кои забележале највисока стапка на самоубиства. Се истакнува и дека скандинавските земји покажуваат значително богатство и чувство на задоволство, но исто така на висока стапка на самоубиства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi