Во Шпанија има пет милиони невработени
29 април, 20110

Стапката на невработеност во Шпанија одеднаш порасна на 21,3 отсто во првиот квартал од годинава, што значи дека без работа се пет милиони Шпанци, соопштила денес владата во Мадрид.
На крајот на минатата година стапката на невработеност била 20,3 отсто, највисока во еврозоната.
Бројот на невработени Шпанци во првите три месеци од годинава се зголемил за 214,000, со што вкупниот број на невработени во земјата е вкупно 4.910.200, соопштил шпанскиот завод за статистика.
Во Шпанија живеат 46 милиони жители.
Извор: Нетпрес