Напаѓачот на Рома, Мирко Вучинич спред зборовите на неговиот агент, сеуште не е подготвен да ги напушти редовите на римскиот великан. 27-годишниот Вучинич е несреќен во главниот град на Италија и постојат сериозни индиции да го напушти клубот.
“Прочитав дека Мирко не игра добро, бидејќи сакал да си замине. Во јануари разговаравме со претседателот Сенси и со директорите, а тие не убедија дека Мирко е многу важен за тимот. Среќен е во Рим и има уште две години од договорот. Никогаш нема побарано поглеме плата како што пишуваше во медиумите” открива неговиот агент.
Вучинич не е на своето ниво оваа сезона, а за него се заинтересирани многубројни европски клубови.
Извор: Спортнет