YouТube vs. ТV

31 октомври, 20110
9848227944eabb9bdb83f3928584063_orig

Прекрасни работи се случуваат кога технологијата ќе се сретне со забавата, велат од тимот на YouТube.

„Најавуваме уште повеќе талентирани создавачи и оригинална забава на која наскоро ќе може да и се придружите во постоечката Youtube страница. Овие канали ќе имаат за секого по нешто, без разлика на тоа дали сте мајка, фан на комедија, зависник од спорт, љубител на музика, или одличен познавач на поп културата”, се наведува во соопштението објавено во петокот на блогот на Youtube.

Имено, овој тим го најави својот проект во кој соработува со околу стотина создавачи кои ќе имаат свои YouTube канали, а меѓу нив се и познати личности, уметници и медиумски куќи.

Меѓу нив се Мадона, Шекил Онил, Ештон Качер, и Софија Вергара, но и WSJ и Ројтерс. Нивните канали ќе почнат да се појавуваат веќе од овој месец, а поголемиот дел од нив ќе се појави следната година. Заедно, тие ќе произведат 24 часа оригинална содржина секој ден.

На заинтересираните YouТube им нуди мал „preview” на youtube.com/creators/original-channels, каде ќе може и да се пријавите доколку сакате да бидете известени кога новата услуга ќе започне со работа.

Google, според неофицијалните информации, им дал на партнерите аванси во вкупна вредност од 100 милиони долари, а заработката ќе се собира, секако, од реклами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş