За 5 минути задоволство, цел живот гроб да копам!? :))) „узми све што ти живот пружа“ :)))

21 август, 20110
srecno neudate

Земи сé што ти “пружа” животот! На девојките понекогаш им се чини дека најлошата работа што може да им се случи во животот е да останат немажени. Ова е заради притисокот од околината, родителите и семејството.
Девојките во пубертет обично сакаат да изгледаат постари, па заради тоа се шминкаат и облекуваат така што да изгледаат посериозни. Кога ќе наполнат 20, тогаш започнуваат да се бараат себеси. Носат големи животни одлуки, бараат работа, смисла….


Ве притиска семејството

И кога најпосле ќе го пронајдат сето тоа, започнува притисокот од семејството, ги убедуваат дека е време да се вдомат, да имаат деца. Но, овде не престануваат очекувањата, подобрите времиња сега се гледаат во тоа децата да пораснат, да тргнат на училиште, или слично, па потоа да дојде време и за вас, кога повторно ќе уживате и живеете само за себе.

Затоа, како што рекла Кејт Хепберн: „Ако сакате да го замените воодушевувањето на многу мажи со критицизмот на еден, само напред, омажете се!“’

Доколку не се чувствувате добро заради тоа што немате маж, повторете си во себе: „Среќна сум што не сум несреќно омажена“. Венчаните двојки изгледаат среќно, но не можете ни да замислите што се случува зад затворени врати.

Одлуката е ваша

Никогаш не можете да знаете кога и каде ќе запознаете нов  фраер, секој ден е нова прилика. Само работата е дали тоа ќе го доживеете како оптоварување или предност.

А, порано или подоцна, ќе морате да се соочите со фактот дека можеби навистина никогаш и нема да се омажите. Што порано го прифатите ова, тоа подобро за вас. Понатаму животот можете да го поминете несреќни во потрага по маж, или едноставно да го проживеете најдобро што можете и да го извлечете од него најубавото што не е поврзано со околностите кои не можете да ги измените.

За што би жалеле кога ќе се омажите
* За излегувањата кога ќе посакате, дури и на полноќ.
* За чипс за вечера, бидејќи кога ќе се омажите ќе морате да готвите.
* За кафето со пријателките после работа, а никој да не ве праша каде сте се задржале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi