За Снајдер 10 милиони фунти и Нани
21 јуни, 20110

Без оглед на најавите од претседателот на Интер, дека клучните играчи, Маикон, Снајдер и Ето, ќе останат во клубот, тоа не ги попречува англиските медиуми да го преселат Весли Снајдер во Манчестер Јунајтед.
Според најавите кои пристигнуваат од Островот, вицешампионот на Европа е подготвен за Холанѓанецот на Италијаните да им го понудат Нани и 10 милиони фунти.
Покрај Интер за Нани наводно е заинтересиран и Јувентус чија листа со евентулани засилувања е особено долга, па медиумите во Италија со скептицизам ја земаат в обѕир истата.