Загина пејачот Дарко Радовановиќ

12 јуни, 20110
Vest 3

Во сообраќајна несреќа која се случи во 20 часот и 30 минути на новиот Обренавоички пат во близина на Остружничкиот мост, вчера загина српскиот пејач Дарко Радовановиќ.

Полицијата соопшти дека во тешката сообраќајна несреќа загинал Дарко Радовановиќ (36), како и лицето А.М (41), а полесно бил повреден Ѓорѓе Р. (77).

До несреќата дошло при судар на два автомобили марка мерцедес, по што едниот автомобил се удрил во шлепер со македонски регистарски таблички, додека другиот излетувајќи десетина метри удрил во велосипед. Според последните информации, Радовановиќ бил на пат кон дискотеката во која требал да настапува, а со автомобилот управувал неговиот менаџер кој исто така загинал во несреќата.

Иако деталите околу несреќата сеуште не се утврдени, очевидци велат дека несреќата се случила кога постариот модел на мерцедес се обидел да претекне шлепер, по што дошло до директен судир со новиот мерцедес Е-320, во кој се наоѓал Радовановиќ. Според нив, пејачот и возачот загинале на лице место, додека возачот на другиот автомобил бил повреден.

Новиот Обренавоички беше затворен неколку часа, а полицијата вршеше увид на местото на несреќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *