Запленети 105 килограми марихуана, уапсени две лица

12 јуни, 20110
mvr-stip-policija
Полицијата ноќеска заплени околу 105 килограми висококвалитетна марихуана и уапси две лица против кои ќе бидат поднесени кривични пријави за “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Во координирана акција е пресечен меѓународен канал за наркотичка трговија со марихуана од Албанија преку Македонија во земјите на Западна Европа, соопшти полицијата.
Триесет минути по полноќ на крстосницата кај село Мажучиште, село Ропотово, регионален пат кон Прилеп, запрено било патничко возило “Волво В-40“ со тетовски регистерски ознаки. Возилото го управувал Ф.З.(40) од селото Селце, Тетовско, нагов совозач бил Ф.С.(33) од село Стримница, општина Желино.
При преглед на возилото во багажникот, спакувани во торби се пронајдени 99 пакувања облепени со кафена селотејп лента, во кои имало марихуана, со вкупна бруто тежина од 104 килограми и 980 грама.
Според полицијата, осомничените марихуаната ја подигнале во близина на хотелот “Еуротел“ во Струга и најверојатно нивните албански партнери ја внеле преку езерото.
Заради понатамошно вештачење, одземените пакувања марихуна биле предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР.
Од првичните анализи утврдено е дека станува збор за квалитетна марихуана чија цена на западноевропските пазари изнесува околу 400.000 евра.
До Основното јавно обвинителство во Прилеп полицијата ќе поднесе кривична пријава против лицата Ф.З.(40) и Ф.С.(33) за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по чл. 215 став 3 од КЗ на РМ и тие ќе бидат изведени пред истражен судија.
Одделот за недозволена трговија со дрога ќе бидат преземени дополнителни мерки и активности заради  целосно расчистување на случајот.
МВР соопшти дека Одделот за недозволена трговија со дрога при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, подолго време работеше на прибирање на сознанија во врска со криминална група од Македонија, која се занимавала со организирање на транспорти на поголеми количини марихуана од Албанија преку Македонија за нарко пазарот во земјите на Западна Европа.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *