Зарем веќе се разведуваат…хахаха драма еј…:)))

22 октомври, 20110
116787764DT009_Khloe_Kardas

Иако се во брак само осум недели, изгледа веќе се пред развод. И покрај шпекулациите Ким Кардашијан и Крис Хмфрис  се видени заедно, а двајцата сеуште ги носат венчалните прстени, меѓутоа сеуште некој не им го поставува прашањето околу гласините за кризата во бракот.

Гласините почнаа кога извори блиски на семејството Кардашијан ја информираше јавноста дека агантот на Ким, на William Morris Endeavor Entertainment обелоденил дека нема планови за заедничко снимање на парот во познатото реално шоу.

Ова дополнително ја поврзало приказната за распаѓањето на бракот. Извор близок на двојката тврди дека не знае дали ќе објават дека се разделуваат, но дека на никој не му е јасно зошто воопшто се венчаа која нивниот брак од самиот почеток  е пропаст жива.

Истиот извор вели дека Ким била сместена во хотел во Њујорк, и дека Крис воопшто не ја посетил. Магазинот кој прв ја објавил веста за неверството на Ештон Качер, сега тврди дека Ким го посетила најдобрите адвокати за развод. Постојат и тврдења дека Крис е уловен на забава во Мајами и Њујорк без Ким, и одлично се забавувал во друштво на непознати девојки. Некои медиуми објавија дека Крис повторно ја побарал својата поранешна девојка Бианка Камбер со која бил во врска две години пред да почне да се забавува со Ким.

Двојката сеуште не изјавила ништо по повод овие шпекулации.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *