Зашто поради сексот го губиме разумот?!

12 ноември, 20110
seks1

Постојат детални истражувања зошто по сексот стануваме друга личност, не размислуваме рационално, премногу му веруваме на партнерот и очајно сакаме посторно да ја видиме таа личност иако гласот на разумот вели дека тоа не е најдобриот избор за нас. Прочитајте како науката тоа го објаснува.

Чао памету 🙂

Страничен орбифронтален кортекс. Не мора да го помните името на делот од мозокот, туку е доволно да знаете дека токму тој дел е одговорен за самоконтролата. За време на оргазмот токму овој дел од мозокот е “исклучен“, и кај мажите и кај жените. Значи, мозокот ви e во мирување и вие не сте во состојба рационално да резонирате. Затоа во тие моменти можете да донесете одлуки кои инаку не би ви паднале на памет.

Страста е слепа

Сте чуле за окситоцинот, нели? Тоа е хормонот кој се лачи за време на односот. Меѓу другите работи за кои е одговорен, под дејство на окситоцинот повеќе им верувате на луѓето. Затоа, слепо ќе и верувате на личноста со која сте имале секс, без оглед што можеби и немате логични причини за тоа.

Окситоцински зависници

Бакнувањето, прегратките, милувањето и допирите го ослободуваат окситоцинот во големи количини. Жените се поголеми фанови на физичкото искажување на љубов уште од детството кога ги прегрнуваат родителите и другарките, па подоцна стануваат зависнички од овој хормон. Мажите, од друга страна, иако го сакаат дејството на хормонот, не се толкави зависници од него. Како функционира оваа зависност? Под дејство на окситоцинот сакате повторно да бидете со личноста со која сте го доживеале „налетот“ на овој хормон на задоволството. Колку е неговото дејство поинтензивно, толку повеќе ќе сакате да ја видите таа личност.

Дали има “лек“?

Сексот предизвикува ирационално однесување кое не мора да се поклопува со вашите мисли и чувства надвор од спалната соба и можеби ќе ви биде тешко да правите дистинкција околу работите кои се важни за вас. Ако сфатите дека не сакате врска со таа личност, но страста ве “тера“ на интимни контакти со одредена личност, решение може да бидат токму повремените такви контакти, aко успеете да се исконтролирате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *