Зграда на Друштвото “Sveti Sava” на Дорчула

14 јули, 20110
Naslovna

I

Олицетворение за влијанието на масонството во просветителството и во српскиот живот, во првата половна на 20от век, се забележуваше преку влијанието на Друштвото “Sveti Sava“ на Дорчула, кое беше сместено на улицата Dušanova 13. Веднаш до оваа зграда се наоѓа и Домот на Sveti Sava, зградата во која денес е сместен Факултетот за физичка култура на Универзитетот  во Белград.

Зградата на Друштвото “Sveti Sava” е изградена во 1914 година, според проектот на архитектот Petar Bajalović (слободен ѕидар). Во однос на архитектонскиот изглед, оваа здание претставува комбинација на неколку стилови, но доминира српско-византискиот стил, кој во тоа време беше премногу застапен во белграѓанската архитектура.

Petar Bajalovic

Зградата има два влеза од улицата Car Dušan и уште еден од улицата Braće Baruh. Врвот на фасадата завршува со натписот Друштвото “Sveti Sava“, или поточно денес има останато само неколку букви од целиот натпис.

Оваа зграда има повеќекратна важност за масонството. Иако, денес е во лоша состојба, сепак фасадата и понатаму дава впечаток на величествена градба, каква што беше. Од Заводот за заштита на спомениците на град Белград, добивме потврда дека и оваа зграда е во списокот за реновирање, сепак се надеваме дека набрзо ќе ја видиме обновена и во сјај кој некогаш го имаше.

II

Во оваа зграда беше седиштето на друштвото и целиот просветителски дух што беше насочен кон школување на децата сираци после српко-турската војна. Тоа беше во период кога масоните го потенцираа патриотизмот и приврзаноста кон државата, па како резултат на тоа беа основани уште неколку добротворни организации. Овде би ја споменале зградата која беше наменета за глувонемите деца – “Kralj Dečanski“, како и Фондот за помош на воените инвалици и деца “Sveti Đorđe“.

Друштвото “Nasušni hlep” организираше бесплатне леб за сите незаполени лица, а беше создаден и Антитуберкулозен сојуз и Сојуз за борба против просјаци. Истовремено во Земун се отвори и дом за слепи лица како и за образовни младински центар.

Слободните ѕидари кои учествуваа во хуманитарните активности, поднесуваа точни извештаи каде и колку парично средства имаат инвестирано. Извештаите беа и публикувани, а покрај масоните во овие хуманитарни активности, учествуваа и волонтери од Белград.

III

Во Друштвото “Sveti Sava”, најголемиот број на членови беа слободни ѕидари и припадници на ложата “Pobratim”. Иако, на зградата денес не доминираат масонски симболи, кои веднаш би го привлекле вниманието, сепак, набљудувачите кои имаа познавање од слободното ѕидарство, може лесно да пронајдат дел од симболите. Така што, зградата има три влеза – влезовите се омеѓени со два столба, додека меѓу нив, над влезот јасно е дефиниран пирамидален дел. Дискретно, но сепак доволно јасно за членовите во Друштвото.

Камен темелникот на зградата на Друштвото “Sveti Sava”, беше поставен од страна на Принцот и Престолонаследникот Кралот Aleksandar Karađorđević и со тоа се даде посебна и поголема важност во историјата.

Kral Aleksandar

Зградата на Домот Sveti Sava, каде што денеска се наоѓа Факултетот за физичка култура, исто така има своја историска вредност, бидејќи во оваа зграда беше одржана конференцијата на која се донесена одлуката за истапување на Svetomir Nikolajević и Đoke Milovanović од ложата ”Sloga, rad I postojanstvo” и заедно со своите браќа Andre Đorđević, Đorđe Vajfert, Stevan Mokranjca да ја формираат ложата “Pobratim”.

Svetomir Nikolajevik

Извесен период, бидејќи ложата работеше под закрило на Големата ложа на Унгарија, активностите и состаноците се одржуваа во куќата на Др. Vojislav Đorđević, на улицата Gračanička, веднаш наспроти хотелот “Grand”.

Djordje Vajfert

На зградата на Домот “Sveti Save” може да се забележат неколку симболи кои би можеле да се поврзат со слободното ѕидарство. Изградена во периодот 1889-1890 година, според проектантските планови на тогашниот триесетгодишен архитект Jovan Ilkić. Зданието е проектирано во духот на романтизмот со елементи од раната ренесанса и со комбинација на романско-византиски мотиви. Во 1923 година на оваа првобитна двокатна зграда беше дограден уште еден кат според проектот на архитектот Petar Bajalović.

Jovan Ilkic

Покрај останатите симбили, на оваа здание јасно се забележуваат шаховските полиња, кои во слободното ѕидарство имаат големо значење, бидејќи го претставуваат подот на секоја масонска ложа.

Некои од историчарите, овој медалјон на фасадата го поврзуваат со грбот на Хрватска. Сепак, не можеме да потврдиме дали во времето кога се градеше оваа зграда, југословенската идеа беше развиена до степен, да постави хрватски национален симбол на здание како што е оваа зграда. Исто така, на фасадата може да се забележи и грбот на Шумадија, односно глава на вепар прострелан со стрела, а симбол со три куни во триаголник се поврзува со Словенија. Всушност, можно е на овој начин ложата “Pobratim”, веќе на почетокот на 19от века да го наговестува посветеноста кон југословенската идеа.

Сепак, да ги оставиме тумачењата, бидејќи голем број на автори, особено оние кои ја анализираа архитектурата во Белград, после Втората светска војна, ги избегнуваа анализата на фасадите на кои може да се воочат слободноѕидарските симболи. Очигледно, беше дека намерно се избегнуваше коментирањето и објаснувањето на овие знакови.

Самата ложа “Pobratim” зазема значајно место во историјата на српското масонство, можеби затоа што со нејзиното основање во 1890 година, се оствари целта на слободните ѕидари – да се создаде поголема поврзаност со запад. Во извештајот на ложата “Pobratim” од 1892 година, односно две години по основањето, се потвдува потребата да се приближи кон унгарските ложи. Во извештајот се наведува “оддалеченоста на Големиот оријент во Рим, под чија заштита беше дотогашното слободноѕидарство во Србија, а со тоа се отежнуваше развојот и напредувањето на друштвата“.

Поради тоа, српските слободни ѕидари, решија да стапат во контакт во Големата ложа на Унгарија, која внесе светло во ложата “Pobratim”. Како интересен податок е тоа што сите овие настани беа на територијата на Австро-унгарија, каде што всушност беше забрането со закон функционирањето на слободните ѕидари на територијата на Австрискиот дел од монархијата. Големата ложа на Унгарија, беше најжесток противник Австрија да го има приматот во двојната држава, поради што во историјата, Србите и Унгарците имаа конфликти. Сепак, ова претставуваше уште еден начин како да се заборават ваквите случувања и несогласувања.

Stanislav Binicki

Во ложата “Pobratim” имаше голем број на значајни и угледни лица од Белград и Србија и најголемиот дел од членството го сочинуваа интелектуалци. На чело на ложата беше поставен Đorđe Vajfert, но со својата работа се истакнуваа и Jovan Aleksijević, Stanislav Binički, Andre Đorđević, Nikola Hadži Toma, Dušan Miličević, Stevan Mokranjac, Svetomir Nikolajević, Laza Paču, Stevan Sremac, Sreten Stojković, Petar Ubavkić…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit