Зимурливите живеат подолго?

20 мај, 20110
zimurlivi

Тие и летно време носат наметка за секој случај, а во зима скоро и да неможат да искочат од својот дом. Сепак, тие можеби живеат подолго од оние кои полесно се прилагодуваат на температурните промени.

Научниците се сомневаат дека хормоналните пореметувања кои ја чуваат енергијата и топлината, го успоруваат метаболизмот, а со тоа го продолжуваат животот.

Истражувањето во САД може да резултира со апче кое ќе овозможи продолжување на животот. Тоа се заснова на децениски спроведени истражувања кои ги поврзуваат екстремната исхрана на животните со продолжениот животен век.

На пример, кога на глувците дневниот внес на калории бил смален за 30 проценти, 50 проценти живееле подолго од вообичаеното. Научниците се обидуваат да дознаат што е тоа во гладта што влијае на прдолжување на животот.

Последната студија на Универзитетот Сент Луис во Вашингтон, го пратела како смалувањето на калории влијае на телесната температура која кај здравите луѓе изнесува околу 37 степени.

Научниците им дале на испитаниците микро термометри во вид на пилула, која ја бележеча температурата по пиењето на апчето, кај 24 луѓе во средните педесети години и им го намалувале калорискиот внес за барем 25 % во период од 15 години.

Научниците веруваат дека намалената телесна температура е клучот за долговечноста. Исто така ниско калоричната исхрана и благата физичка активност дава добри резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi