Златните водопади Гулфос
1 ноември, 20110
![11](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/11/111-610x269.jpg)
Најфамозната туристичка атракција во Исланд, се Златните водопади. Нивната поставеност всушност е на две нивоа. Дел се од реката Хвита. Близу атракцијата се наоѓаат и гејзерите Хаукадур и Националниот Парк Пингвелир. Заедно, овие 3 ремек дела го сочинуваат таканаречениот Златен Круг. Поради фамозноста на ова место, близу него има хотели кои нудат убави услови, но повеќето туристи се одлучуваат да престојуваат во Рејкјавик, а своето патување околу Златниот Круг да си го овозможат како еднодневна екскурзија.