Кога некој ги диктира стандардите како неа, овие испади се неприфатливи.
Актерката Скарлет Јохансон важи за најдобро облечена дама на црвениот тепих. И нема еднаква. И логично е каква би требало да биде надвор од него. Добро, не баш во оние фустани, но барем да го пронајде за себе стилот кој е прикладен на една дама како неа. Скарлет е уловена на улица без шминка,со подигната коса и панталони кои ги искомбинирала со зимска јакна. А чевлите се приказна за себе. Што и се случило? Дали им дала слободен ден на стилистите или е време да пронајде нов?