Најмалото јајце од кокошка тежи 5 грама

29 ноември, 20120
jajce

Очигледно дека оваа кокошка од североистокот на Англија го снесе најмалото јајце на светот. Неговата маса од само 5 грама и висината од едвај 2,5 см, со ширина од 2 см, се помали карактеристики од држителот на моменталниот Гинисов рекорд.

http://www.img2.cdm.me/sites/cdm.bild-studio.me/files/multimedia/foto/2012/04/84bf4a48c9359a4b5cdf33e26286.jpg
Пол Ре (52) од Хамшаф, на североистокот од Англија, тврди дека една од неговите кокошки го снесе веројатно досега најмалото кокошкино јајце на светот. Со маса од само 5 гр, висина од 2,5 и ширина од 2 см, кога Пол го видел јајцето, веднаш го ставил в џеб и замина да се пофали на своите пријатели во локалниот клуб.
Екипата од пабот му советувала да се јави кај некој претставник од Гинис, во кој како моментален рекорд стои јајце со маса од 7,3 грама.
Пол, инаку некогашен готвач на нафтени платформи, во изминатите неколку години, како што пренесува The Northern Echo, со сопругата се вдомил во питорескното англиско местенце, одгледувајќи домашни животни и изнајмувајќи соби за туристите на својот селски имот.
За своите кокошки вели дека се сосема нормални и дека досега неселе сосема обични јајца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi