Asus Padfone, 3 во 1 производ кој Asus го претстави на овогодинешниот MWC саем, на пазарот стигнува овој месец.
Од компанијата објавија дека Padfon стигнува на тајванскиот пазар на 20. Април и тоа по цена од 980 долари. Претпродажбата започнува утре, а самиот телефон ќе чини 610 долари.
За 980 долари корисниците ќе добијат и тастатура, таблет, стајлус и Bluetooth слушалка, а доколку одлучат дека не им треба тастатурата во овој сет, ќе платат 850 долари.
Следните земји во која ќе се појави се Германија, Хонг Конг и Сингапур, меѓутоа точниот датум не е познат, како ни по која цена ќе се продава и на другите пазари.
Да потсетиме, се работи за паметен телефон со 4,3 инчен Super AMOLED qHD екран, двојадрен Snapdragon процесор, камера со резолуција од 8 мегапиксели со LED блиц, кој работи на Android 4.0. Кога овој паметен телефон ќе се уфрли во док, овој уред станува 10,1 инчен таблет, а доколку му додадете тастатура добивате лап топ.
Како функционира тоа погледнете во видеото: