Денес е 12.12.2012 година: Еве зошто овој ден е посебен!

12 декември, 20120
12.12.12

Датумот 12.12.2012 е многу интересен датум од неколку причини, а многумина ќе го прослават на свој начин.

Ова е ден кој е посебен за нумерологијата и тоа поради трите дванесетки кои се појавуваат во датумот, а 12 е многу уникатен, интересен и корисен број. Корисноста на овој број призлегува од деливоста. Всушност, постојат релативно малку мали броеви кои можат да бидат рамномерно поделени во повеќе подгрупи, а 12 е еден од нив.

Дека ова е посебен број ‘знаат’ и игрите на среќа. Всушност, рулетот особено го сака бројот 36 (3×12), а и на коцките кои најчесто се фрлаат во пар, имате по две 6 ки. Покрај тоа, нумеролозите тврдат дека ова е фантастичен ден за ‘нови почетоци’, односно за започнување на ниво работи.

Исто така, во годината има 12 месеци, а денот има 24 часа (2×12) од самиот почеток на мерење на времето. Најдобар начин е да размислувате за 12 како за 0 т.е. како од почетокот на времето, а не на крајот. Значи, 12:00 е почеток на новиот ден и почеток на попладневните часови.

Има 12 хороскопски знаци. Целта на хороскопот е синхронизација и мапирање на просторот и времето. Тоа се постигнува со делење на еклиптиката во 12 зони. Секоја зона изедначува 30 степени, кои заедно обезбедуваат 360 степени на универзумот кои ги гледаме. Друг израз за “зоната” е “поделба”, а секоја поделба има свое единствено име и знак. Луѓето кои се родени на денешен ден според хороскопот се стрелци.

Денешниот ден астрономското друштво на пацификот го прогласило за ден на рационално размислување, а за денес се закажани и многу венчавки. Капелите за венчавки во Лас Вегас имаат дури 40 различни понуди за венчавки на овој датум, а шест од овие можности го вклучуваат Елвис Присли во различни комбинации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi