Паметен Србин, се лизнал на мраз, па го тужел претпријатието задолжено за чистење на улиците.
Ставан М. доби милион динари оштета бидејќи е лизнал на подзамрзнат пешачки премин во Нови Сад во 2009- тата година. Тој го тужел комуналното претпријатие “Чистота“ и добил оштетата од 944.441.68 динари. Неговиот најсилен аргумент е што е добил во тешки повреди поради кои шест месеци бил врзан за кревет.
Адвокатот Зоран Ивановиќ вели дека исплатената сума дури и е помала од првобитната пресуда, но и дека претпријатието можело да се спогоди и да ги избегне високите трошкови.
Надлежните во градските претпријатија потврдуваат дека секоја година добиваат тужби заради повреди на граѓаните поради лизгањата во зимата.