Огромен божиќен колач со должина од 570 метри ќе биде подготвен од најдобрите слаткари во Дубаи во пресрет на Христовото раѓање, јави РИА Новости.
Колачот ќе биде изложен во еден од најголемите трговски и забавни центри во Дубаи. Сите заинтересирани ќе можат не само да се сликаат со него, туку и да го пробаат.
Колачот ќе биде исечен на парчиња, а средствата од продажбата ќе одат за добротворни цели.