Американските актери Jim Carrey и Jeff Daniels ќе ги репризираат улогите на Lloyd Christmas и Harry Dunne во продолжението на комедијата “Dumb and Dumber”.
Снимањето на филмот почнува во септември, а режијата е потпишана од браќата Farrell, кои ja снимија оригиналната комедија од 1994 година.
“Dumb and Dumber” заработи 127 милиони долари во САД и 250 милиони долари низ целиот свет.
Приказна “Dumb and Dumberer: When Harry Met Lloyd” од 2003 година е за средношколските авантури на главните ликови, а е во режија на Troy Miller и во него глумат Eric Christian Olsen и Derek Richardson.
“Ние отсекогаш сакавме да направиме продолжение и ете конечно ни се исполни”, изјави Farrell.
httpv://www.youtube.com/watch?v=UnkefjCES-4