Иако очекува дете со новиот дечко Џастин Теру, Џен никако не може да го заборави саканиот Бред и сака да го врати…
-Џен во афект го побарала Бред. Иако мислела дека нема да и се јави, тој сепак го направил тоа. Иако бил воздржан, ја запрашал за што се работи, а потоа таа почнала да плаче и да се жали велејќи дека многу и недостига, изјавува извор близок до Џенифер Анистон.
Актерката сега е во тешка криза, бидејќи размислува за прекин на врската во која не гледа иднина, но од друга страна таа е бремена и не сака да биде сама. За ситуацијата да биде уште полоша, Џен погрешно го протолкувала Бред и неговите зборови дека и нему и на Анџелина не им е се совршено во заедничкиот живот, па таа сега се надева дека ќе се смират, пренесуваат странските медиуми.