Џобс и Гејтс не биле непријатели

popara2 февруари, 20121min00
10242313584f2670c3c1fa6903260327_orig

Соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, открил во интервју за весникот Telegraph дека го прати последното писмо на Стив Џобс, кое тој го чувал покрај креветот.

Гејтс и Џобс често беа претставувани како ривали, дури и непријатели, но односите меѓу нив не биле такви.

Во разговорот за Telegraph, Гејтс открил дека поминал доста време во друштво на Џобс во текот на годината пред неговата смрт.

„Поминувавме буквално часови во евоцирање на спомените и разговарајќи за иднината”, изјави Гејтс и додаде дека последното писмо на Џобс му го пратил мал период пред неговата смрт.

„Му реков на Стив колку тој може да се чувствува среќен поради тоа што го остварил и компаниите кои ги изградил, му пишав за неговите деца, кои ги познавав”, наведе Гејтс.

„Би додал дека тоа не беше чин на помирување, бидејќи немаше потреба за воспоставување на мир, ние не бевме скарани, правевме одлични производи и конкуренцијата секогаш беше позитивна, не се работеше за извинување”, заклучи Гејтс.

По смртта на Џобс и објавувањето на неговата биографија која ја напиша Волтер Ајсаксон, сопругата на Џобс го контактирала Гејтс за да му каже дека биографијата не го прикажува взаемното почитување кое постоело меѓу него и Џобс и дека Џобс го почитувал неговото писмо и го чувал покрај својот кревет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag