Едноставно обожава да биде гола: Позирала само во градник и со крзно на главата!
Ријана неодамна се соблече за насловната на својот седми студиски албум ‘Unapologetic’ и за насловната на магазинот GQ.
Но, тоа не и било доволно, па продолжи да ја практикува голотијата и после тоа, во слободно време. Сакајќи да ја покаже својата витка линија или да порача нешто друго, Ријана се соблече во низа сочни фотографии кои ги објави на Твитер.
Фотографиите ги направила нејзината најдобра пријателка Милиса Форде. Додека на едната фотографија заводливо гледа во апаратот со цигара во устата, на другата отсутна со пијалок во раката и цигара меѓу прстите.
За сето време, облечена е само во црн градник и крзно кое од главата и се симнува на останатиот дел од телото. Ова е само уште една во серијата голи фотографии со кои 24-годишната пејачка од Барбадос, веруваме, не може повеќе никого да изненади.