Германски полицаец 22 години возел без дозвола! :)
27 јануари, 20120
Еден германски полицаец од местото Харц, возел полициски автомобил 22 години без возачка дозвола.
Немањето возачка дозвола било откриено бидејќи полицаецот се обидел да го обнови овластувањето за возење патролен автомобил.
Тогаш се утврдило дека полицаецот има дозвола за управување на трактор и мотор.
Полицијата го потврдила овој случај и изјавила дека против полицаецот биле покренати и дисциплински и кривични мерки.