Го искасапила момчето со шише поради порака на Фејзбук: “После се сеуште ја сакам”!

21 декември, 20120
momce

Романтичната вечера се претвори во борба за живот кога младата девојка видела љубовна порака на Фејзбук адресирана до нејзиното момче.

Британката, Луси Слејтер исфрлена е со својот бенд од натпреварот за таленти откако се појавиле фотографии на насилство кои прикажуваат како со стаклено шише го нападнала своето момче и му го унаказила лицето.

Младата Луси е осудена на 51 недела затвор, две години надзор и 120 чаша служба на заедницата.

Двојката пиеле вино една вечер во пријатна атмосфера, кога девојката случајно пронашла порака на Фејзбукот на нејзиното момче која не и се допаднала.

Во истиот момент таа бесно реагирала, го искршила лаптопот и посегнала за шишето со вино. Аткин, момчето на девојката, само се сеќава дека во следниот момент крварел.

Аткин за време на претојот во болницата ја изгубил работата, но изјавил дека сеуште ја сака. Тој додава дека ова е една тажна приказна која сигурно не ја посакувале бидејќи планирале иднина заедно.

Девојката е осудена за кривично дело, повреда со умисла, иако нејзиното барање за пониска казна е прифатено од страна на обвинителството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi