Незаборавен одмор со стил
На луксузниот Titanic Beach Hotel секогаш ве очекува топло добредојде…
Titanic Beach Hotel се наоѓа на совршена локација, поседува приватна бела песочна лагуна која е опкружена со спектакуларно опремени градини, базени и тераси. Овој all-inclusive хотел со 5 ѕвезди нуди разновидност на внатрешни и надворешни акривности, извонредна забава, спортски активности, спактакуларен базен, како и 608 климатизирани соби за гости, апартмани и семејни соби со модерни содржини. Ова е место каде што се спојуваат ладната вода на Црвеното Море со топло египетско гостопримство и така здружени создаваат спомени кои тешко се забораваат. За незаборавен одмор или бизнис патување овој хотел е вистинско место, со оглед дека е одалечен 8 километри од аеродромот Хургада.
Лоби бар, интернет кафе, дискотека, базен и бар на плажа, три главни ресторани со all inclusive оброци, голем базен со сончева тераса, аква парк, детски базен…се само некои од содржините кои ги нуди хотелот. Лежалките и чадорите на базенот и на плажата се вклучени. Спортските објекти во хотелот вклучувајќи и фитнес, тенис, мини-голф, фудбал, клуб за деца (4-12 години) и игралиште. Тука се наоѓаат секако и салоните за убавина, трговски центар, медицински услуги, конференциски сали, продавници, банки…
Titanic Beach Hotel нуди високи стандарди на услуга и комфор, па со самото тоа ветува извонредно искуство!