Сите пет ипол илјади карти за овогодинешната Google конференција (Google Input/Outptu, I/O) се распродадени во вторникот за дваесет минути, соопшти висок претставник на компанијата.
Ова е собир кој се одржува од 2008 година и на него Google еднаш годишно собира луѓе кои се занимаваат со развој на софтверот. Темите покриваат се, од Android и Chrome, до Google Plus и услугата од компјутерскиот облак на Google. Оваа година ќе се одржи од 27. до 29. јуни во центарот Москон (Moscone Center) во Сан Франциско, истото место кое и Apple го користи за годишното собирање од ист вид (Worldwide Developers Conference, WWDC).
Продажбата на картите започна во седум часот наутро по локално време, а завршена е за дваесет минути подоцна, бидејќи сите карти се распродадени, напиша во соопштението Вик Гундотра, поптретседателот на компанијата.
Картите за студентите чинеа 300 долари, а се продадоа малку побрзо од оние од 900 долари наменети за сите останати.
Минатата година картите беа распродадени за помалку од саат време, додека во 2010 беа потребни дури 50 дена.