Хју Хефнер повторно ќе се обиде да застане на лудиот камен со невестата бегалка Кристал Харис!
Според странските медиуми, Харис (26) и Хју Хефнер(86) во последниот период уживаат во своите вљубени моменти, а Харис пред само неколку месеци повторно се вселила во Плејбој имотот. Според информациите, парот ги надминал сите проблеми од изминатата година и неодамна тие одлучиле повторно да се обидат да стапат во брак.
Според неименуваниот извор, времето кое што Харис го поминала одделена од Хефнер всушност ја научило како таа да биде независна и самостојна, нешто кое што таа и првично го барала.
Иако се уште не се знае официјалниот датум на свадбата, овој пат истата е планирана да се случи во најблискиот круг на пријатели и членови на семејствата.
Останува да видиме дали овој пат конечно Харис ќе стане госпоѓа Хефнер, а 86 годишниот Хју Хефнер ќе биде младоженец по трет пат.