И овој дечко ја напушти Лејди Гага, порачувајќи и дека е чудовиште! :))))

27 јануари, 20120
lady_gaga_taylor_kinney

Според американските медиуми, Тејлор ја оставил Лејди Гага – Mother Monster повторно е сама.

Наводно, Тејлор познатата пејачка не ја оставил како џентлмен, туку и порачал дека е чудовиште.

“Сакам да имам вистинска жена покрај себе, а не чудовиште”, изјавил Тејлор, а извори блиски до него набрзина го поделиле ова со таблоидите.

Тејлор, кој со Гага беше 6 месеци, ја уверувал дека ја сака природна, без шминка и чудни костими. Ја замолил кога е со него да биде тоа што е, а не она што е нејзиниот алтер его.

“Едноставно сум неспособна да сфатам какво е тоа чувство кога жената е среќна со мажот. На крајот се се сведува на натпревар за тоа кој во врската има поголем … Мажите не се плашат од моето огромно богатство, туку од мојот мозок”, изјавила своевремено Гага кога сфатила дека во ниедна врска не се чувствувала ценета и сакана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *