Една година откако Петра Еклстоун се пресели во Лос Анџелес, за преселување во овој град размислува и нејзината сестра Тамара.
Ќерката на шефот на Формула 1, Берни Еклстоун сака да биде блиску до својата сестра и затоа веќе тргнала во потрага по идеален дом во Лос Анџелес.
На прв поглед се заљубила по вила која е изградена по примерот на дворецот Версај. Вилата располага со простор за бал, 15 бањи, 12 соби за спиење и гаражи за девет автомобили и базен со спа центар.
Имотот бил во сопственост на милијардерот Дејвид Саперстен од Тексас кој вилата ја изградил во 1996 година за својата сопруга и во вилата се преселиле шест години подоцна. Откако двојката во 2004 година се развеле, одлучиле да ја продадат вилата, а Тамара изгледа многу заинтересирана за купување на оваа луксузна вила.