Иако навидум изгледа како кампања за очила, сепак станува збор за интересен концепт на огледала кои може да ги најдете во едно од најлукзузните кафулиња во Бејрут.
Станува збор за кафулето Ривиера Приве, ексклузивно кафуле на плажа кое е во склоп на еден од најпознатите хотели во Либан, хотелот Ривиера, кое се наоѓа на медитеранското крајбрежје и е едно од омилените места на светскиот џет – сет.
Очилата – огледала се креирани од компанијата Републик Бејрут, а добија и неколку награди за најинвентивни пронајдоци за минатата година.