Ја откажала свадбата за да му плати хемотерапија на гуштерот

popara28 март, 20121min00
guster

Уште една неверојатна приказна за тоа колку луѓето се приврзуваат со своите миленици.

Ви ја претставуваме Лизи Грифитс, учителка која ја одложила својата свадба за да може да си дозволи терапија за своето милениче – гуштерот Џорџ.

Лизи го посвоила Џорџ од центар за згрижување за животни, а откако тој се разболел и добил тумор на лицето, таа ја потрошила својата заштеда од повеќе од 3000 долари за да го спаси. Хемотерапијата на животни е сеуште експериментална и е скапа, но по се изгледа дека кај Џорџ постигнала ефекти.

Лизи, која минатата година се верила со своето момче Крис, морала да ја одложи свадбата бидејќи парите и требале за хемотерапија на Џорџ. Крис вели дека не му пречи, бидејќи смета дека Лизи и Џорџ имаат навистина посебна поврзаност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma