
Поминаа само неколку недели откако дојде на свет, а Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи веќе ангажирале дадилки да им помогнат околу малата Ајви Блу.
Поконкретно, според американските медиуми, двојката ангажирале шест дадилки за својата ќерка.
“Бијонсе не сака ништо да препушти на случајот. Сака да биде сигурна дека бебето има најдобра нега и дека ништо нема да и недостасува. Дадилките на Блу Ајви и ги менуваат пелените на секој час”, вели близок извор за американскиот In Touch Weekly.