Л

6 април, 20120

ЛАБОРАТОРИЈА
ќе се злобиете со ново познанство, но може да биде и предзнак за болест.

ЛАВ
несреќа; питом лав – склучување на ново познанство; рикање на лав – опасност; лав во кафез – ќе го победите непријателот; ако на сон ве гони лав – загуба; лавица со мали лавчиња – среќа во семејството; ако убиете лав – ќе стекнете моќ и углед; ако ловите лав – доброто со добро ви се враќа!

ЛАВАНДА
грижи, непријатности.

ЛАВИНА
ви претстои опасност, не плашете се сами да ја отстраните; ако ве затрупа лавина – ве очекуваат неприлики кои не ќе можете да ги избегнете.

ЛАВИРИНТ
ќе најдете нешто мноту врелно и никој не ќе може ла ве спречи ла си го земете; ако не можете да излезете од лавиринтот – ви претстојат големи проблеми; ако излезете од лавиринтот – ќе ги совлалате сите препреки.

ЛАДАЛО
невозвратена љубов; ако се ладите со ладало – некој ќе го одбие вашето пријателство; ако изгубите ладало – болка.

ЛАДОВИНА
не сметајте премногу на пријателите.

ЛАЕЊЕ
предупредување, обрнете повеќе внимание на советите што ви ги лаваат вашите поискусни пријатели; бесен лаеж – непосредна опасност; завивање на куче – смртен случај; ‘ржење на куче – пазете се од подмолни луѓе; ако слушате лаење, a не го глелате кучето – се полготвува некое зло.

ЛАЖЕЊЕ
ќе бидете посрамени; ако на сон слушате лаги – некој ќе се обиде да ве насамари.

ЛАЖИЦА
сигурна иднина; сребрена лажица – ќе добиете покана за гозба; голема лажица – ќе бидете во пријатно друштво; мала лажица – удобен живот; дрвена лажица – задоволство во семејството.

ЛАЖЛИВЕЦ

пазете се од непријателите.

ЛАК
лажните надежи ќе ви донесат разочарување.

ЛАК u CTPЕЛA
ќе наидете на поддршка и разбирање;  ако гаѓате и погодите – со успех ќеја завршите работата; ако промашите – ќе мора да почнете се одново.

ЛАКИРАЊЕ

ќе ви возвратат со неблагодарност.

ЛАЛЕ
несреќна љубов; ако садите лалиња – ќе сретнете убава жена; ако берете лалиња – неуспех со припадниците на спротивниот пол порали сопствената невнимателност; ако поливате лалиња – ќе се долворувате на неко глупаво лице.

ЛАМПИОН
караница.

ЛАНЧЕ
види ѓердан.

ЛАСИЦА
неверство; ако ловите ласици – неодговорност; ако ја држите во раце – невниманието ќе ви наштети; ако убиете ласица – голем успех.

ЛАСТОВИЦА
во гнездо – радост, срќа во љубовта; ако ластовицата лета околу куќа – новости / љубовна порака; ако слушате цвркот на ластовица – радосна вест; ако ластовицата влегува дома – среќа во семејството; ако ја напушта куќата – разор во семејството; ако на сон уништите ластовичко гнездо – поради сопственото невнимание ви претстојат непријатности; ластовица што лета – пријатна посета; ако гледате како грали гнездо – љубовен и леловен успех.

ЛЕБ
бел леб – наскоро радост; црн или бајат леб – грижа; тазе леб – ве очекува среќа; ако некој ви даде леб – загуба; ако печете леб – ќе бидете расположени; ако јадете леб – благосостојба.

ЛЕБЕД

добри односи со околината; бел лебед – спокојство; црн лебед – грижи и караници; ако го чуете како пее – смрт; лебед што плива – ќеја загубите честа; лебед што лета – загуба на имотот; лебед што зборува со човечки глас – ве очекува некаква пресуда.

ЛЕЖЕЊЕ
ќе бидете тажни; лежење на ливада – утеха; лежење болен в кревет – жалост и огорчување.

ЛЕК
загуба, но таква што може лесно да се надомести; ако пиете лекови – несреќа; ако ги давате на други – среќа.

ЛЕКАР
за болни – здравје; за здрави – ви треба добар совет; ако на сон му плаќате на лекарот – непријатности; ако лекарот ви даде лек – ќе чуете вести; ако разговарате со него – некоја желба нема да ви се исполни.

ЛЕКОВИТИ ТРЕВКИ
сериозна болест.

ЛЕОПАРД
страв; ако ве нападне – опасност.

ЛЕПАК
несогласување во љубовта.

ЛЕПЕЊЕ
ако лепите нешто – успех на работа / совеста ви е немирна.

ЛЕТАЊЕ
блаженство; долго летање – наредните денови ќе ви поминат многу пријатно; брзо летање – болест; ако паднете при летање – непријатности; летање со крилја – среќа; ако гледате како летаат други – ќе ве обземе завидливост.

ЛЕТО
веселба; ако сонувате дека е лето, а вие сте топло облечени – неуспех во работата, залудно вложен труд.

ЛЕЌА (РАСТЕНИЕ)
кавги, недоразбирања.

ЛЕШ
ако го видите дома – свадба; повеќе лешови – пријатен настан.

ЛЕШНИК
ако берете лешници – ќе решите некои ситни проблеми; ако барате лешници – кавга со соседите; ако јадете лешници – забоболка.

ЛИВАДА
зелена ливада – повторна средба со изгубената љубов; одење по ливада – ќе присуствувате на нечиј погреб/ ослободување од грижи; искосена ливада и посебно ако одите боси по неа – непријатности и пакости од луѓето што ве опкружуваат; исушена ливада – безнадежност; неискосена ливада – радост, љубовна средба.

ЛИЗГАЛКИ
успех во некој потфат.

ЛИЗГАЊЕ
лизгање на мраз – добивка.

ЛИКЕР
краткотрајна радост.

ЛИЛЈАК
несреќа; многу лилјаци – голема несреќа.

ЛИМ
ве очекува жестока расправија; ако режете лим – ќе се осветите некому; ако го виткате – успех и победа.

ЛИМАР
домашна караница.

ЛИМЕНИ САДОВИ
кавга.

ЛИМОН
радосна вест; ако лупите лимон – ќе избегнете некоја опасност благодарение на својата разумност; ако јадете лимон – чезнеете по топлина.

ЛИМОНАДА
болест.

ЛИПА
безгрижна иднина; ако се качувате на липа – ќе ви се исполнат желбите; ако берете цвет од липа – бакнување.

ЛИРА (музички инструмент)
радосни вести.

ЛИСИЦА
внимавајте, покрај вас е некој кој сака да ви наштети; ако ја фатите – задоволство; ако ја убиете – ќе се ослободите од некоја опасност; лисица без опашка – ќе ги победите соперниците; питома лисица – неверство; крзно од лисица – ќе ве изиграат „пријателите` ; ако јадете месо од лисица – свадба.

ЛИСТ
ако гледате како летаат лисја во воздухот – ќе ви пропаднат некои големи планови; ако слушате шум од лисја – радост; еден лист – надеж; зелени лисја – голема веселба / исполнување на надежите; ако паѓаат лисја – подгответе се за некоја загуба, ако кинете листови  – ќе ве обземе бес; суви лисја – подарок.

ЛИФТ
ќе ги надминете препреките, но со туѓа помош.

ЛИХВАР
ќе барате помош на погрешно место.

ЛИЦЕ
свое лице – болест; бледо лице – опасна болест, а може да значи и смрт; грдо лице – грижи, големи неволји; ако го видите своето лице убаво – децата ќе ви бидат среќни; ако видите туѓо убаво лице – ќе добиете помош од некој заштитник; ако се миете – ќе зажалите поради некоја ваша постапка; насмеано лице – срќа и љубов; ако го криете лицето – лоши вести; ако го видите одразот од.своето лице во вода – углед и долг живот; ако видите нејасно лице – болка; црвено лице – ќе наштетите некому.

ЛИШАЈ
болест.

ЛОВ
тешка работа без вистинска цел; ако уловите нешто – добивка во игри на среќа; ако се враќате од лов без плен – разочарување; лов на птици – лошо постапувате со оние што ви се подредени; риболов – ве очекува таква опасност што ќе ја предизвикате сами.

ЛОВЕЦ
ако го видите или ако разговарате со него – ќе бидете лекомислени; ако сте вие ловец – некој тајно ве сака.

ЛОВЕЧКИ НОЖ
или вие сте фалбаџија или такви луѓе ве опкружуваат.

ЛОВЕЧКО КУЧE

пријатен настан / озборување.

ЛОВОРОВ ВЕНЕЦ
успех, добивка и победа.

ЛОГОР
во природа – ве очекуваат радосни моменти.

ЛОЗ
залудно се надевате; ако влечете лоз – разочарување; ако купувате лоз – загуба; ако го најдете – добивка во игри на среќа.

ЛОЗИНКА
среќа, исполнување на желбите.

ЛОЗЈЕ
благосостојба и среќа; ако јадете грозје во лозје – некое женско лице ќе ве исмее.

ЛОЈ
работите се одвиваат глатко.

ЛОКНА
локна од коса – ќе примите пријатна порака.

ЛОКОМОТИВА
среќа во иднината; ако ја чуете да свири – опасност; управувате со локомотива – непријатности на работа; си заминува – ќе се ослободите од некои здодевни луѓе; ако доаѓа – ќе чуете важна вест.

ЛОПАТА
тешко ќе си го заработите лебот; ако работите со лопата – ќе ви помогнат пријателите.

ЛОСОС
ако го ловите – трудот ќе ви биде награден; ако го јадете – ќе најдете нешто вредно.

ЛОСТ
некои тешкотии ќе пребродите со помош на пријателите; ако сами се служите со лост – ќе помогнете некому; пукнат лост – неуспех.

ЛОТАРИЈА
несигурност; ако играте – ќе бидете радо прифатени во друштво.

ЛУБЕНИЦА
неостварени љубовни желби; ако јадете лубеница – краткотрајна среќа во љубовта.

ЛУДАК

имате несредени односи со околината.

ЛУДНИЦА
сериозна болест; ако се наоѓате во лудница – работите ќе ви тргнат наопаку.

ЛУЃE
многу луѓе – несреќа; непознат човек – корист; убиен човек – добивка; лоши луѓе – грижи; весели луѓе – некои надежи ќе ви се остварат; тажни луѓе – непријатности.

ЛУЗНА
на телото – чест и слава; на лицето – внимавајте да не ве повредат во тепачка.

ЛУК
солзи; ако јадете лук – некоја ваша постапка ќе има лоши последици; ако сечете лук – незгодна работа; ако садите лук – ве опкружува злоба; ако берете лук – ќе се каете.

ЛУЛАЊE
неодлучноста ќе ве доведе до неуспех.

ЛУЛE
очекувајте подарок; ако пушите со луле – здравје, мирен живот.

ЛУЛКА
брак, а за оние во брак – дете; ако нишате лулка – вонбрачно дете; ако добиете лулка за подарок – исмејување; празна лулка – смрт; превртена лулка – несреќа во домот.

ЛУПEЊE
ако на сон нешто лупите – смртен случај во семејството.

ЛУСТEР
неизвесност; ако свети – ве очекува пријатно доживување; ако го изгаснете – внимавајте, да не направите погрешен потег; ако го скршите – не правете лудости; ако купите лустер – ќе ги средите односите во семејството.

ЛУТИНА
кавги, грижи и непријатности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi