Лековитите својства на индиското оревче

Индиското оревче не е само зачин, туку има многубројни полезни и лековити својства. Освен како зачин, индиското оревче е широко употребувано и во индиската народна медицина. Има многу научни факти кои го докажуваат ова. Оревчето било употребувано при правање на разни лекарства во минатото, а денес е дел од многу современи фармацефтски продукти.
Индиското оревче смелено, во комбинација со сок од јаболко и банана е многу полезно при диареја. Освен тоа се користи и при лошо варење на храната, предизвикано од неправилен и нередовен режим на исхрана.
Проблеми со сонот – комбинација од индиско оревче во прав и сок од грозје ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот. Се пие навечер пред легнување.
Дехидратација – ова растение е многу полезно при лечење на дехидратација, предизвикана од повраќање и диареја. Во тој случај можете да си направите пијалок, треба да накиснете само индиско оревче во вода и да додадете на тоа кокосово брашно.
Треба да знаете дека индиското оревче се консумира во мали количини, бидејќи големите дози можат да бидат опасни по здравјето.