Лековитите својства на сладоледот

20 февруари, 20120
Scoops of Various Ice Creams

Сладоледот е најпопуларниот леден десерт. Започнувајќи од децата па се до возрасните, едва ли има некој кој не го обожува или не бил привлечен од леденото искушение. Но знаеме ли колку полезен навистина може да биде сладоледот?

Тој е богат со витамини и минерални материи. Во него се и полезните за очите и кожата витамини А, Б, Д, Е и П, тука се и фосфорот за коските и растежот, магнезиум, калиум и железо.  Освен тоа сладоледот содржи материи кои го активираат производството на серотонин – хормонот на среќата. Ја подобрува меморијата, го подобрува расположението и ни помага полесно да се справиме со стресот и депресијата. Ете зошто кога ќе се почуствувате нервозно или напрегнато треба да се почастите со еден сладолед. Тој не смирува и не прави да се насмевнеме.

Една порција сладолед на ден може да помогне да ги запази коските здрави, го регулира крвниот притисок, ги смирува симптомите на ПМС, помага во борбата со ракот на дебелото црево, го намалува ризикот од инсулт, го зајакнува имунитетот и учествува во превенцијата на камен во бубрег.

Затоа слободно одете и купете си по едно ледено искушение и насладувајте се без да се сомневате. Не се лишувајте од ова задоволство за сетилата, а потопете се во него со чиста совест, знаејќи дека правите нешто добро за себе си.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma