Љубомората е љубов или само сомнеж во себе?!

24 јануари, 20120
sssss

Дали љубомората е критериум за љубов?  Не е ли љубомората точно тоа – несигурност во самите себе? Зошто треба да се потценуваме?

И како што се обидуваме да го „држиме“ поблиску до себе, за да нема можност да не изневери, не го ли насочуваме самите точно натаму?  Покажувајќи му постојано дека не му веруваме дали не го тераме подсвесно да ги оправда нашите стравови и да постапи точно така – да не изневери. Не е ли подобро да направиме нешто за нашата самодоверба и увереност, отколку да го правиме него да се чувствува виновно секогаш кога ние нема да сме во хармонија со себе?

И не треба да заборавиме дека тој не е наша сопственост, како и ние негова и да му ги дадеме правата што и тој сакаме да ни ги даде – љубов, доверба и личен избор.

Најдобро е кога ќе изникне сомнеж отворено да разговарате наместо да ги оставите сомнежите да раснат. Многу пати сомнежите се само плод на нашата фантазија…

Навистина има и мажи кои со својот начин на однесување нема како да не предизвикаат вакви емоции, но тие се еден друг случај, каде како и да изгледаме, како и да се чувствуваме, сомнеж во нивната верност секогаш ќе има. Но тоа е сосема друга тема која започнува со зборовите „Што правиш со таков маж?“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi