Мажите лажат повеќе или жените?!?

29 март, 20120
s

Лагата не е исклучок и за двата пола, таа е дел од човечката природа. Но причините поради кои лажат мажите и жените се толку различни, колку и половите. Се тврди дека жените раскажуваат поверодостојни истории кога лажат, а мажите лажат почесто. И така, од каде доаѓа поривот да се лаже? Какви се знаците и симптомите на лагата?

Жените често се лажат сами себе. Тие се обидуваат да се убедат во работи кои не се вистинити, особено кога се однесува за љубовта. Какви се сигналите кога една жена лаже? Таа се лути кога е обвинета во лага, одбива секс, избувнува гневно.  Но возможна е и точно обратнатата варијанта – станува многу љубезна и се обидува да ја прикрие лагата со докажување на силна приврзаност.

Зошто лажат мажите? Најчесто кога се обидуваат да прикријат неверство. Многу често се обидуваат да се представат себе си во добра светлина, или да создадат имиџ, што води до лаги за неговите достигнувања, или резултатите, што наводно ги имаат. Како да откриеме дали лаже или не? Епа, најчесто, историјата не е многу веродостојна.

Сигурни знаци дека некој лаже, се гласот и гестовите на телото. Често пати луѓето гледаат во соговорниците со доста ладнокрвен израз на лицето, зошто се обидуваат да ја скријат лагата, но нервозните гестови, кои сигурно ќе ги направи, го издаваат. Начинот по кој се представува лагата е исто така важен. Лагите обично се истории, кои содржат премногу детали, повеќе одколку е потребно. Наместо да каже: „Здраво, жалам што закаснав, имав проблем со колата!“, тие велат: „Нема да поверуваш што ми се случи! …Многу, многу непотребни реченици…и лагата е готова. Ваквото опширно објаснување на ситуацијата со премногу детали е сигурен знак дека станува збор за лага. Кога чувствувате дека ве лажат, спротивставете се, но не се карајте и не правете скандали. Сите добро знаеме дека на лагата нозете и се кратки, што значи дека ќе дојде денот да го уловите во лага. Тогаш останува на вас, дали ќе одлучите да преминете преку тоа или ќе размислите дали има место за лаги во една нормална врска!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi