Нежните звуци од музиката на Френк Синатра им помага на пациентите да се опуштат, а во некои слуачи дури и побрзо да оздрават, тврдат научниците, пренесува Дејли Мејл.
Хитовите на Синатра го намалувале стравот кај пациентите кои за време на операциите морале да останат будни. Лесна и класична музика е најчестиот избор на хирурзите и пациентите кои учествувале во истражувањето на Оксфордската болница Џон Редклиф.
Нивото на непријатност кај пациентите се мерело со тоа што им се следело дишењето, а и самите пациенти им давала до знаење на докторите колку се чувствуваат непријатно. Истражувањето покажало дека пациентите изложени на музика имаат 29% помалку проблеми од другите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=OqH7VwpSwBo