На 92 години научил да пишува, а на 98 напишал книга!
1 април, 20120

Џејмс до својата 92 година не знаел да прочита мени во ресторан, ниту пак да напише нешто. Сепак, американецот Џејмс Аруда Хенри има причина да биде горд на себе, бидејќи покрај тоа што се грижи за својата фамилија, овој рибар на 92 години решил да не се откаже и да научи да пишува и чита.
За приказната да биде уште подобра, на 98 години Џејмс ја објавил првата книга, збирката автобиографски есеи „ In A Fisherman”s Language“, во кои го опишува своето сиромашно детство во Португалија, потоа доаѓањето во Америка и своите авантури на море.
Книгата стекна голема популарност, па затоа стана лектира во основните училишта.