На 10 годишна возраст Мајкл Керни дипломирал на Универзитетот во Алабама, со што станал најмладиот универзитетски образован човек на светот, според Гинисовата книга на рекорди.
Кенри на 17 годишна возраст ја добил втората диплома од Универзитетот Вандербилт, додека на 21 година тој веќе имал 4 универзитетски дипломи и докторат по хемија.
Кенри, кој е роден на Хаваи, досега има учествувано на многу квизови во САД, а најголемата награда што ја освоил е 1 милион долари на квизот AOL’s Gold Rush.
Кенри, кој има натпросечна интелигенција, е дијагностициран со хиперактивност и синдромот на недостаток на внимание.